Име на делото: Гроздоберка
Автор: Димо Тодоровски
Година: 1968
Скулптурата „Гроздоберка“ од Димо Тодоровски е едно од неговите најпознати дела. Таа претставува жена која собира грозје, симболизирајќи ја македонската традиција и селскиот живот. Изработена е во бетон во 1968 година и е поставена во Градски парк во Скопје.
Скулптурата е направена според „Гроздоберка”, фигурина од 1942 годи-
на, по која Тодоровски во 1968 година, за изложбата на
скулптури во слободен простор (Градски парк), ја соз-
дава „Гроздоберка”, значително покрупна од природ-
ната големина. Делото „Гроздоберка“, може да се класифицира како реализам со социјална и етнографска тематска насоченост.
За Авторот:
Димо Тодоровски (Солун, 11 декември 1910 – Скопје, 27 април 1983) — истакнат македонски вајар и академик од првата генерација вајари кои го втемелиле современиот облик на оваа ликовна уметност во Македонија. Претставува единствениот вајар што се појавил во земјата меѓу двете светски војни.
Темите за скулптурите Д. Тодоровски ги земал од животот. Обработувал социјалната тематика со реалистички пристап. Во 1942 г. извајал серија фигурини инспирирани од обичниот човек во неговото опкружување: Кеманеџија, Гатачка, Тутуноберачка. Потоа работел и на историски композиции: Браќа Миладиновци (1945); Бегалци (1951); Св. Климент Охридски (1967). Сепак, негова окупација биле теми од македонската револуционерна борба. Негово дело е споменикот на Мечкин Камен изработен во 1983 година, Исто така, негови позначајни дела се: скулптурата „Јама“ (1956), спомениците на НОВ посветени на масакрите во Трница и Дабница (1972).
Добитник е на Наградата на град Скопје ,,13 Ноември“ за 1961 година, на Наградата ,,11 Октомври“ за 1962 година, а во 1967 година е добитник на Наградата за животно дело. Носител е на Орден на ‘грудот со сребрен венец.
