Грмушка во рефлектирачка коцка

Име на делото: Грмушка во рефлектирачка коцка

Автор: Искра Димитрова

Година: 2008

Скулптурата „Грмушка“ од авторот Искра Димитрова, е висока две метри, изработена од инокс.

Скулптурата е креирана кофа авторката Искра Димитрова на јавниот конкурс на Министерството за култура, распишан во 2008 година, за поставување 35 скулптури, доби можност за реализација на две нејзини дела.

Првично оваа скулптура беше поставена на сквер Јадран, додека сега е преместена во паркчето пред Полициска станица – Беко во Скопје.

Покрај скулптурата „Грмушка“, односно „Грмушка во рефлектирачка коцка“, Димитрова е наградена и за инсталацијата „Три врби во Вардар“, скулптура која е директна критика на проектот Скопје 2014, но заради реакциите на јавноста, иронично стана симбол на проектот.


За авторот:

Искра Димитрова (Скопје, 1965). Дипломирала на факултетот “Кирил и Методиј”, Скопје 1988 (философија) и на ФЛУ, Скопје 1990 (скулптура). Студиското усовршување го продолжила во САД (1993) и во Центарот за современа уметност,  Аомори, Јапонија (2003). Работи мултимедијални проекти, перформанси и инсталации. Авторка на урбаната инсталација Вера Надеж Љубов, Скопје 2012.

Селекција на самостојни проекти:

Скопје (1991-1994, 1997 во МСУ, Скопје, 1998, 2000, 2006, 2016, 2019); Медисон, САД, 1993; Вршац 1996; Рочдејл галерија, Манчестер 1996; Загреб 1996; Венеција (Биенале, неофицијално учество), 1999; Универзитет, Хамбург 2000; Токио  2003; Јокохама Музеј, 2004, Штип 2008.

Селекција на настапи на групни изложби:

Меѓународен фестивал, Софија, 1994; Петто меѓународно биенале, Марибор, 1996; Плодова вода – македонски и американски жени – уметници, Провиденс, САД, 1997; Биенале на современа уметност, Селеста, Франција, 1997; Жени – уметници меѓу двете мориња, Солун, 1997; Зрачења – Нова македонска уметност, Скопје 1998 и Токио 2000; По ѕидот, Модерна Музеет, Стокхолм,1999; Кафеав шеќер, Нирнберг, 1999; Нарцизми, Музеј на современета уметност, Скопје, 1999; Онуфри, Тирана, Албанија, 1999; Urban Gene, Меѓународен уметнички фестивал, Тачикава, Јапонија, 2002; Глобален феминизам, Бруклински музеј, Њујорк, 2007; super(h)EROS, Национална галерија на Македонија, Скопје, 2007; Venezia via MKC, Скопје и Виена, 2009; Синестезија, Австриски парламент, Виена, 2009; Gender Check, МУМОК – Музеј на модерна уметност Лудвиг Музеј, Виена, 2009; Солидарност, Музеј на современата уметност, Скопје,2014; Трансфигурирање – Imago mundi, Современа македонска уметност, Прага 2014 и Тревизо 2016.

Работилници и предавања: Бруклински музеј, Њујорк, 2007; Тачикава 2002, 2004/2005; Музеј на убавите уметности Јокохама, 2004; Артистс ин резиденс, Центар на современа уметност, Аомори, Јапонија, 2003; Факултет за ликовни уметности, Скопје,1995; Бостон 1997; Медисон 1993