Име на делото: Енергетски трансфер
Автор: Сашо Саздовски
Година: 2009
Скулптурата Енергетски трансфер е создадена од мермер од рудникот „Бела Пола“ во Небрегово
Саздовски создава дела со концептуален и минималистички пристап, обработувајќи теми како бесконечност, рамнотежа и поврзаност. Во своите скулптури често спојува природни материјали, како мермер и гранит, со индустриски компоненти, нагласувајќи ја тензијата меѓу органското и техничкото.
„Енергетски трансфер“ претставува апстрактна интерпретација на динамиката и преносот на енергија.
За Авторот:
Сашо Саздовски (роден 1976) е македонски академски скулптор и професор по ликовна уметност, познат по своите монументални јавни скулптури и истражувачки пристап во уметноста.
Саздовски беше наш преставник на 14-Биенале во Венеција.
Дипломирал Академијата за ликовни уметности во Скопје во 2000 година. Магистрирал во 2002 година под менторство на проф. Драган Поповски – Дада.
Саздовски има реализирано над 20 монументални јавни скулптури во земји како: Аргентина, Оман, Катар, Азербејџан, Словенија, Обединети Арапски Емирати, Турција, Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Латвија, Русија, Италија, Австрија, Германија, Данска, Чешка, Португалија…
Неговите дела се изложени во значајни институции како: Музејот на современата уметност во Скопје, Музејот на Марк Ротко во Латвија, Центарот за современа уметност во Абу Даби, ОАЕ, Фондацијата „Хејдар Алиев“ во Баку, Азербејџан, Калаксхетра Националниот музеј во Индија, Центарот за современа уметност MECA во Алмерија, Шпанија, 14-то Биенале на архитектура во Венеција, Италија
Саздовски е добитник на многубројни награди меѓу кои:
- Прва награда за скулптура „УМЕА 2014“ во Париз, Франција (2013)
- Специјална награда за скулптура „Оскар Кокошка“ во Похларн, Австрија (2009)
- Награда за минијатурна скулптура „Димо Тодоровски“ на Годишната изложба на ДЛУМ (2009)
- Награда за скулптура „Јордан Грабул“ на Годишната изложба на ДЛУМ (2009)
- Награда за монументална јавна скулптура „Бесконечност“ од Министерството за култура на Република Македонија (2008)
- Награда за монументална јавна скулптура „Трансфер на енергија“ од Министерството за култура на Република Македонија (2008)
- Награда за монументална јавна скулптура „Проштеов“ во Република Чешка (2006)
- Кристална плакета за две јавни скулптури за Градското собрание во општината Торес Ведрас, Португалија (2006)
- Првата награда за скулптура „Бесконечност“ во Музејот на град Скопје (2001)
- Награда за скулптура на Годишната изложба на ДЛУМ „Јордан Грабул“ (2001)
