Работничка снага

Име на делото: Работничка снага

Автор: Братислав Хулаковски

Година: 1973

Оваа скулптурата е создадена во рамки на Интернационалното студио за пластика во дрво во Прилеп, реализирано кон крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите години. Делата создадени за време на интернационалната уметничка колонија во Прилеп, првично беа изложени на Уметничкиот павиљон „Цвијета Зузориќ“ во Белград (3 јули – 30 август 1981) и потоа во Музејот на современата уметност во Скопје (20 април – 10 мај 1982), по што беа поставени во задниот дел на музејот, каде што со децении останаа без информативно обележје и контекст.

Во 2025 година, по повеќе од четири децении, повторно се воспоставува идентитетот и историскиот контекст на овие дела, благодарение на истражувачката работа во рамки на проектот Museum of Public Art на Изабела Левенска Миљаниќ, избран како еден од учесничките проекти на 15. Биенале на млади уметници (БМУ) – двегодишно, процесно ориентирано биенале, курирано од уметницата и кураторка Нада Прља и кураторот и едукатор Себастијан Чичоцки.

На официјалното отворање на изложбата за 15. Биенале на млади уметници, контекстот, името на делото и неговиот автор повторно ќе бидат претставени на јавноста и овие скулптури ќе добијат свое информативно обележје – како симболично враќање на вниманието и достоинството на овие дела.

Овој потег претставува значаен чекор во процесот на ревитализација и документирање на јавната уметност во Скопје, како и во препознавањето на значењето на интернационалните уметнички колонии како културни мостови на своето време. Со оваа иницијатива, Музејот на современата уметност во Скопје воспоставува перманентна поставка на седум дрвени скулптури – колекција која ја обединува уметничката меморија, интернационалниот дијалог и современото читање на јавниот простор.

Скулптурата „Работничка снага“ од авторот Братислав Хулаковски , е со димензии 70х50х185 см. Создадена е од дрво – даб.


За авторот:

Братислав Хулаковски (Прага, ЧССР). Академски вајар, роден на 18 јули 1926 година во Предлице. Студирал на Академијата за уметност во периодот 1948- 1953, а негови професори биле Ј. Нушла и Б. Стефан. Излагал со групата „We start 59“ и учествувал на сите изложби на плинската филијала на СЧВУ.

Излагал и со „Inventive group of modern realism“ на меѓународни изложби: TSMR 1965, Metal and gem Прага 1968, Пардубице 1970, Прилеп 1973, Виена 1973, Софија 1975, Прешов 1976, Щецин 1981, Белград 1981, Скопје 1982, Цвизел 1991–1993, Анаберг, Кемниц, Лајпциг 1995.

Неговите дела се дел од Западнобохемиската галерија во Пилзен, галеријата во Карлови Вари, други културни институции во Чешка, како и во странство: во Германија, поранешна Југославија, поранешен СССР, Канада, САД, Швајцарија и други.

Во 1987 година му беше доделена почетната титула „Заслужен уметник“. Извлекувајќи инспирација за својата работа, патувал на истражувачки патувања во Австрија, Југославија, Полска, Бугарија, Унгарија, Бенелукс, СССР, Франција, Германија, Куба, Шпанија и Египет.