Име на делото: Две Форми
Автор: Ангел Димовски – Чауш
Година: 1993 (пластичен модел) / 2010 (бронзена скулптура)
Скулптурата е апстрактна претстава на две човечки форми во взаемна поврзаност и визуелен разговор. Излеана од бронза и поставена пред средното училиште “Jосип Броз Тито” и ја нагласува улогата на уметноста во обликувањето на урбаниот простор.
Оваа скулптура е направена по пластичен модел, за прв пат презентиран на Биенале на ситна пластика во 1993 година
За Авторот:
Ангел Димовски -Чауш е истакнат македонски ликовен уметник и академски вајар, сликар и графичар.
Дипломирал во класата на Петар Хаџи Бошков во 1984 година. Самостојно изложувал во многу градови во земјава и во странство, а остварил и повеќе студиски патувања во земји како Франција, Италија, Шпанија, Германија, Грција, Египет, Турција, САД… Голем број на негови дела се наоѓаат во приватните колекции на познавачи на уметноста од Америка, Европа и од Африка… а од 1984 година член е на ДЛУМ и од 2002 и на Француското друштво на ликовни уметници КУЌАТА НА УМЕТНИЦИТЕ (LA MAISON DES ARTISTES). Живее и работи како слободен уметник во Македонија и во Франција, а многу години наназад и на Азурниот брег. Реализирал 15 самостојни изложби, над 50 групни изложби, добил 14 награди, изработил 5 монументални скулптури. Димовски е учесник на повеќе ликовни колонии.
