Кон височините

Име на делото: Кон Височините

Автор: Анжеј Кастен (Полска)

Година: 1972


Оваа апстрактна дрвена скулптура со димензии 332x50x50cm e поставена пред домот на АРМ.

За авторот:

Анжеј Кастен е полски вајар, роден е во 1923 година во Варшава. Студирал во годините 1951-1956 на Академијата за ликовни уметности во Варшава, а ја добил својата диплома на Факултетот за скулптура во 1957 година (студио на професорот Францишек Стринкевич). Неговото креативно делување е во областа на скулптурата (монументална, портретна, мали форми), медаљска уметност, цртеж и применета графика.

Негови поголеми реализирани проекти се: Споменик на војниците на Кошќушко (Варшава) Споменик на Валеријан Лукасињски (Варшава) Споменик на командантот на партизанските групи на Армија Крајова Мајор Јан Пивник “Понури” (Wąchock) Споменик на полската подземна држава (Wąchock) Споменик на “Паднатите војници на Армијата Крајова” (Oleszno) Статуа на Свети Францис (во црквата Свети Станислав, Варшава) Надгробна плоча на мајорот “Ponury” (Wąchock) Биста на К. Дебиси (Бидгошч) Мислител (Центар за полска скулптура во Оронско) Signpost (Волска галерија на метални скулптури – Варшава)

Учествувал во групни изложби во Полска и во странство – Македонија, Франција, Германија, Италија.